Потрагата заврши: Гвардиола го потпиша наследникот на Артета

Пеп Гвардиола конечно ја финишираше потрагата по нов прв асистент, улога што ја извршување Микел Артета се до заминувањето на Шпанецот на клупата на Арсенал. Откако беше одбиен од поранешниот капитен Винсент Компани, Гвардиола реши да го ангажира 54-годишниот Шпанец Хуанма Лилјо, стратег со богато искуство кој воедно му беше трет на Пеп при завршувањето на неговата играчка кариера во мексиканскиот клуб Дорадос де Синалоа.

„Пресреќен сум што потпишувам за Манчестер Сити. Мојата поврзаност со Пеп Гвардиола трае со години наназад, чест ми е што доаѓам да работам со него и да бидам дел од сериозниот проект на овој клуб“, изјави Лилјо по потписот на договорот.

Последен клуб на Шпанецот му беше Квингдао, а претходно има работено во дваесетина клубови, меѓу кои и Саламанка, Овиедо, Сарагоса, Реал Сосиедад, Милионариос, Атлетико Насионал и Висел Кобе.

Се вчитува...