Потребата од пари го принудија Интер на промени – „Нераѕурите“ го претставија новиот грб на клубот! (ФОТО)

Интер ја искористи репрезентативнтата пауза да го претстави новиот грб кој ќе се најде на дресот за следната сезона. Интер реши да го смени грбот за да биде во чекор со модерното време, како што направи неодамна Јувентус, а сето тоа поттикнато од маркетинг причини и финансии плус во касата.

Грбот ќе биде заштитен знак на целата спортска опрема која ќе се носи од следната сезона, а играчите ќе имаат можност да дебитираат со новиот грб на 11 април против тимот на Каљари.

Фановите на Интер се поделени за оваа промена во клубот, на едни им се допаѓа новиот грб, а на други не. Сепак, за вкус не се зборува а ваквата одлука на челниците на Интер не може да биде променета, па единствено останува да се прифати фактот дека тимот од Милано од следната сезона ќе го гледаме со поинаков дрес.

 

Се вчитува...