Потресна сцена во Чемпионшип – Фудбалер колабираше на терен

Нова потресна сцена на фудбалските терени видена е во Англија. Во мечот од 19. коло во Чемпионшип меѓу Рединг и Шефилд јунајтед, фудбалерот на гостите Џон Флек се урна на теренот по што веднаш беше пренесен во болница.

Флек изненадно се урна, а за среќа лекарите веднаш реагираа и играчот во свесна состојба е изнесен од теренот на носилки.

Шефилд јунајтед на крајот успеа да го добие натпреварот со 0-1.

Се вчитува...