Потврда и од Реал: Себалјос стана „топчија“

Дани Себалјос и дефинитивно е нов фудбалер на Арсенал, откако „топчиите“ постигнаа договор со Реал Мадрид за едногодишна позајмица на младинскиот шпански репрезентативец. Сериозен интерес за овој фудбалер покажуваа и Милан и Тотенхем, но Унаи Емери успеа да го убеди Себалјос да се пресели во таборот на Арсенал.

Реал се согласи на позајмица, но без вклучена клаузула со конкретна сума за која Себалјос следното лето би можел да биде откупен од страна на лондонскиот клуб.

„Одлуката е донесена, во следната сезона ќе настапувам за Арсенал. Едвај чекам да почнам“ – порача Себалјос преку својот официјален твитер-профил, откако претходно и Реал го официјализираше неговото заминување од Мадрид.

Се вчитува...