Челси ја потврди лошата вест – повредата што Рис Џејмс ја заработи на последниот натпревар од Лигата на Шампионите против Милан е крајно сериозна и одличниот дефанзивец дефинитивно ќе го пропушти светскиот шампионат во Катар.
Десниот бек мораше да биде заменет на „Сан Сиро“, а специјалистичкиот преглед само ги потврди стравувањата на медицинскиот тим на Челси. Лигаментите на коленото не се скинати, но во секој случај предвидена е пауза од најмалку два месеци, што значи дека Џејмс дефинитивно нема да му биде на располагање на селекторот Саутгејт за претстојниот мундијал.
Мали се шансите дека англискиот селектор за СП во Катар на располагање ќе го има и Кајл Вокер, кој исто така е повреден, што ќе значи дека Англичаните на позицијата десен бек ќе ги имаат Трипие и Александер Арнолд, кој и покрај добрите игри за Ливерпул во изминатите години редовно е во немилост на селекторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА