Потврдени осум трки во Формула 1, „летечкиот циркус“ почнува во јули

Формула 1 и дефинитивно ќе стартува на почетокот на месец јули со двојна програма во Австрија, беше официјализирано денеска откако челниците на Ф1 успеаја да ги осигураат договорите за одржување на осум трки. Оваа бројка е минимумот што мора да биде реализиран за сезоната да се смета за валидна, а се очекува во следниот период на календарот да бидат додадени уште неколку трки ширум светот.

Австриската влада даде зелено светло, по што е донесена одлука во оваа земја да се одржат првите две трки од новата сезона, најпрвин на 5 јули, а потоа и на 12 јули. Една недела подоцна на програмата е унгарското гран-при, а на 2 август ќе се одржи трката за ГН на Велика Британија. Британците ќе одржат и второ гран-при седум дена подоцна, по што според сегашниот календар се предвидени уште три трки, во Шпанија на 16 август, во Белгија на 30 август и во Италија на 6 септември.

Сите трки ќе се одржат без присуство на публика на трибините, под специјални медицински протоколи за да се спречи зараза и ширење на коронавирусот.

Се вчитува...