Потврдено: Шкупи и Ќатип Османи заедно до 2021 година

Ќатип Османи од денеска и официјално е нов тренер на Шкупи, откако трофејниот стратег ги договори условите за соработка за скопскиот прволигаш. Неполн месец откако доби отказ во Шкендија, Османи експресно најде нов ангажман, па денеска и официјално беќе потврдено дека тој потпиша договор со Шкупи, со важност до 2021 година.

Скопскиот прволигаш се најде во незгодна ситуација по заминувањето на Умит Каран. Неговиот наследник Булент Акин воопшто не се снајде и по два натпревари си замина од клупата, за сега одговорната функција да му биде доделена на Османи.

Од Шкупи информираат дека Османи ќе дебитира на клупата на овој клуб в среда, на мечот од Купот на Македонија против Силекс. На неделното гостување против Академија Пандев овој тим ќе биде предводен од Орхан Абди.

Се вчитува...