Потврди и менаџерот: Бејл заминува од Реал Мадрид

Герет Бејл после девет години во дресот на Реал Мадрид, летово заминува од клубот. Тоа го потврди и неговиот менаџер кој кажа дека сигурно Велшанецот заминува од клубот, и се враќа во Англија, притоа не прецизирајќи во кој клуб.

Велшкиот репрезентативец во последно време повеќе е на трибините и на клупата, отколку што е на теренот, а Реал сака побрзо да се „откачи“ од него. Џонатан Барнет, неговиот агент потврди дека на крајот од сезоната сигурни заминува.

„Герет ќе замине од Реал Мадрид. Реално е да с врати во англискиот фудбал, но сето тоа зависи од Велс и квалификациите за Светско првенство“, рече Барнет.

Реал го плати Бејл речиси 100 милиони евра во 2013 годниа, а со клубот освои 18 трофеи. Бејл ужива во некои други работи како што е голфот од ког не се одвојува, а често знаеше да го искаже својот гест на незадоволство од клубот.

Се вчитува...