Повеќе не е тренер на Фенербахче, Картал по ремито со Рома си поднесе оставка 

Исмаил Картал повеќе не е тренер на Фенербахче. Турскиот стратег неочекувано поднесе оставка веднаш по ремито 1:1 со Рома во првото коло од Лигата на шампионите.

Картал на прес-конференцијата по натпреварот потврди дека ја напушта функцијата со цел, како што наведе, да му отвори пат на клубот за иднината.

Тој на клупата на Фенербахче се врати во јуни, а во четвртиот мандат на чело на тимот успеа да оствари шест победи, три нерешени натпревари и два порази во 11 средби.

Неговото заминување доаѓа како големо изненадување, особено затоа што Фенербахче токму со дуелот против Рома се врати во Лигата на шампионите по 17 години.

Се вчитува...