Повеќе од 5.500 навивачи се уште не се вратени од Мундијалот во Русија

Руското министерство за внатрешни работи информираше дека околу 5.500 странски навивачи и натаму се во земјата речиси седум месеци по крајот на Светското првенство 2018.

Поголемиот дел од нив, 1863, се Нигеријци, втори се Виетнамците (911) а трети државјани од Бангладеш (456) иако овие две земји и воопшто не учествуваа на Мундијалот во Русија.

Илијадници навивачи останале во Русија неколку недели по крајот на СП, но овие 5.500 лива главно се имигранти, тврди руското министерство. Тие ја злоупотребиле ‘Фан ИД’ акредитацијата која на странските државјани за време на СП 2018 им овозможуваше влез во Русија без виза.

Од Руското министерство информираат дека до крајот на овој месец очекуваат да ја решат целата ситуација со преостанатите „навивачи“. Добар дел од нив се очекува да побараат во Русија политички азил. Сите кои нема да го добијат ќе бидат депортирани.

Се вчитува...