Повеќе од 50 повредени во хаосот пред „Камп Ноу“…. (ВИДЕО)

Големата дерби пресметка меѓу Барселона и Реал Мадрид заврши без големи инциденти и покрај тоа што каталонската сепаратистичка организација повикуваше на прекин на натпреварот.

Но, иако на самиот меч немаше нереди, за време на одржувањето на „Ел Класико“ но и потоа се случија бројни несакани сцени во кои се повредени повеќе од 50 лица, а девет се уапсени.

Протестантите палеа контенјери по градот, поради што полицијата употребуваше водени топови и гумени куршуми…

Се вчитува...