Повеќе сакам да го видам Кутињо отколку Дедо Мраз

Фудбалерите на премиерлигашките екипи традиционално овој предпразничен период го минуваат во посети на училишта и болници за деца, за да им донесат радост на своите најмали фанови.

Тројцата играчи на Ливерпул, Филипе Кутињо, Роберто Фирмино и Алекс Окслејд Чембрлен, ненајавено се појавија во училиштето „Сент Пол Џуниор“, изненадувајќи ги децата на кои им беше кажано дека ќе одговараат на прашања за својот омилен клуб, но не и дека нивните идоли ќе дојдат на гости кај нив.

Едно девојче говореше како „Повеќе сакам да го видам Кутињо отколку Дедо Мраз“, а најголем сеир изеде Окслејд Чембрлен, кого децата отворено го „тролаа“ порачувајќи му: „Треба да почнеш да играш, да те видиме што знаеш“.

Погледнете како изгледаше посетата на „црвените“ во ова училиште.

Се вчитува...