Повици за бојкот на СП 2022 во Катар: Зарем ќе играме на гробовите на илјадници лица кои загинаа!?

Холандскиот политичар Герт-Јан Сегерс смета дека Светското фудбалско првенство во Катар следната година треба да се бојкотира.

Сегерс отворено зборува за смртта на работниците кои работеле на изградба на стадионите во Катар. Според неофицијални информации, повеќе од 6.500 мигранти настрадале работејќи на стадионите, а голем број тела или остатоци од загинатите се наоѓани и месеци подоцна за време на градбата.

„Зборувам од длабочината на срцето без дилема. Да го бојкотираме Светското првенство кое е градено на крв и коски. Наскоро треба да играме на гробовите на 6500 лица кои во потрага по подобар живот страдале на градилиштата“ – вели Сегерс.

Сепак, јасно е дека било какво бојкот би можело да се случи. Холандската репрезентација во квалификациите за СП 2022 ќе игра во група со Турција, Норвешка, Црна Гора, Летонија и Гибралтар.

Се вчитува...