Повреда во најлош момент на Марко Симоновски

МЗТ Скопје ќе мора да се снаоѓа без помошта на Марко Симоновски во претстојната полуфинална серија од плејофот против Куманово, по повредата што македонскиот репрезентативец ја заработи на еден од последните натпревари на „металците“. Анте Назор не го ризикуваше одличниот шутер на последните две средби со Карпош соколи и со Куманово, а откако состојбата не му се подобри врз Симоновски денеска беа извршени нови лекарски прегледи.

Станува збор за повреда на скочниот зглоб, откако ми се случи два пати лошо да доскокнам, прво на дуелот со Фени индустри, потоа и на дербито со Работнички. Болката и отокот се големи, денеска бев на нови прегледи и наскоро ќе биде јасно колку е сериозна ситуацијата. Едно е јасно, бидејќи веќе сум под терапии нема да настапам на следните полуфинални средби со Куманово, а целта е доколку е возможно да бидам оспособен за настап во големото финале и битките за трофејот“ – изјави Марко Симоновски за ЕКИПА.

МЗТ Скопје денеска информираше дека сите домашни натпревари од полуфиналната серија со Куманово ќе ги игра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, а цената на влезниците ќе изнесува 100 денари. Првиот меч од оваа полуфинална серија на програмата ќе биде в петок.

Се вчитува...