Повреда за Пулишиќ – Не се знае кога ќе се врати на терените

Напаѓачот на Челси, Кристијан Пулишиќ доживеа повреда на скочниот зглоб при настапот за Соединетите американски држави во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 година. Во овој момент нема информација колкава пауза го очекува.

„Кристијан има полесна повреда на скочниот зглоб. Ќе добиме повеќе информации за тоа кога ќе се врати во Лондон“, изјави селекторот на САД, Грег Берхалтер. 

Пулишиќ сезонава одигра два натпревари за Челси, откако поради коронавирус мораше да ги пропушти дуелите со Арсенал и Ливерпул.

Се вчитува...