Повредата е сериозна: Де Бруине го пропушта стартот на новата сезона

Пеп Гвардиола се соочува со сериозен проблем на почетокот од летово откако лекарските прегледи покажаа дека Кевин де Бруине го очекува подолга пауза од првите прогнози, па белгискиот играч за врска ќе мора да го пропушти стартот на наредната сезона.

Белгиецот подолго време влечеше незгодна повреда, но ситуацијата се влоши за време на финалето од Лигата на Шампионите против Интер, кое Де Бруине мораше да го заврши уште во првото полувреме. Деталните лекарски прегледи покажаа кинење на мускул од трет степен, сериозен проблем по кој паузата изнесува меѓу два и три месеци.

„Граѓаните“ се загрижени дека нивниот лидер на средината од теренот нема да може да настапи на стартот на сезоната, а прогнозите се дека тој сигурно ќе го пропушти Комјунити Шилд пресметката со Арсенал, како и дуелот од првото коло во Премиер-лигата против Барнли.

Гвардиола се надева дека ќе може да смета на Де Бруине за Суперкупот на Европа против Севилја, меч што е закажан за 16 август во Атина.

Се вчитува...