Повредата на Чешковиќ ги „смрзна“ кавадарчани (ФОТО)

Кошаркарите на Фени Индустри убедливо загубија со 83-61 на гостувањето против Карпош соколи во 7. коло од плеј-оф Суперлигата на Македонија.

Се чини, поразот на кавадарчани беше навестен уште во 1. минута по тешката повреда на еден од најдобрите кошаркари на Фени, Матија Чешковиќ. Очигледно дека гостинските кошаркари останаа „смрзнати“ по оваа повреда која потоа дополнително им ги отсече крилјата…

povreda

Според последните информации од таборот на Фени индустри се работи за дисторзија, иако во прв момент се стравуваше и дека има скршеница за Чешковиќ.

Се вчитува...