Повредата не остави никаква трага: Дончиќ броеше до 53 за триумф на Далас

Сите во Далас беа загрижени кога пред неколку дена го напушти паркетот на натпреварот со Феникс после три минути минати на паркетот поради повреда на скочниот зглоб. Се претпоставуваше дека повредата е сериозна, но ноќеска против Детроит ги разреши сите дилеми.

Дончиќ маестрално се врати на паркетот и четврти пат во оваа сезона постигна повеќе од 50 коша за победа на својот тим во меч со многу пресврт, на крај триумф од 111-105.

Домаќините одлично го почнаа мечот, ја добија првата четвртина, а гостите веднаш вратија и на полувреме заминаа со предност. Незапирливиот Дончиќ успеа да направи пресврт и да ја обезбеди победата.

На свој терен сигурен беше и тимот на Бруклин, кој дојде до триумф над ЛА Лејекрс со убедливи 121-104, но до победата дојдоа дури во последната четвртина. Лејкерси беа ослабени со неиграњето на Џејмс и Дејвис.

РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Орландо 109:119
Бруклин – Лос Анђелес Лејкерс 121:104
Минесота – Сакраменто 111:118
Оклахома – Голден Стејт 120:128
Сан Антонио – Вашингтон 106:127
Далас – Детроит 111:105
Финикс – Торонто 114:106
Портланд – Атланта 129:125

Се вчитува...