Повторно најдобар – Јокиќ МВП втора година по ред во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ втора година по ред е избран за најкорисен кошаркар во НБА лигата. Оваа информација ја потврди Адријан Војнаровски, а официјално наградата ќе биде потврдена во текот на неделата.

Јокиќ сезонава просечно бележеше 27,1 поен, 13,8 скокови и 7,9 асистенции по натпревар. Со освојување на оваа титула Јокиќ влезе во друштво на најдобрите кошаркари во историјата како што се Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Лери Брд, Меџик Џонсон кои успевале две години едно подруго да стигнат до блескавото признание.

Се вчитува...