Повторно проблеми за Дерби и Руни – ново одземање на бодови за „замрзнување“ на -3

Проблемите за Дерби Каунти, кој го предводи легендарниот Англичанец Вејн Руни се продлабочија откако клубот повторно беше казнет од Фудбалската федерација на Англија со одземање на девет бода со кои падна на дното на табелата со негатива од три бода.

Оваа казна доаѓа поради прекршување на прописите за профитабилност и одржливост, утврдени по продажбата на „Прајд Парк“ стадионот од страна на Мел Морис. Како потсетување, претходно клубот беше казнет со одземање на 12 бода поради заминување во стечај.

Дерби Каунти во сезоната 2018/19 под водство на Френк Лампард се бореше за место во Премиерлигата, но таа сезона клубот тоне. Во следната сезона заврши на 10. место на табелата, а претходната сезона за бод се спаси од испаѓање во третата лига. Овој пат на избраниците на Руни ќе им треба чудо за да избегнат ваква судбина.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...