Повторно во елитата: Начевски и Николов ќе го судат ЕП 2020

Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, добија уште една потврда за квалитетот откако беа избрани меѓу арбитрите за претстојниот европски шампионат што ќе се одржува во јануари 2020 во Австрија, Шведска и во Норвешка.

Македонците со години наназад се дел од големите натпреварувања, па оваа номинација е само продолжување на трендот и награда за добрата арбитража во изминатиот период. ЕХФ овојпат реши да ги подели судиите на оние кои ќе судат само прва фаза и арбитри кои ќе останат и за втората рунда од шампионатот. Начевски – Николов ќе бидат дел и од првата и од втората фаза.

Притоа, најдобрите судии од групата каде се Македонците ќе бидат избрани и за завршните натпревари и битките за трофеи.

СУДИИ САМО ЗА ПРВА ФАЗА:

Бркиќ, Јусуфхоџиќ (Австрија), Мрвица, Јуриновиќ (Хрватска), Киркхолм, Мортенсен (Данска), Марин, Серадилја (Шпанија), Бонавентура, Бонавентура (Франција), Шулце, Тониес (Германија), Елиасон, Палсон (Исланд), Јорум, Клевен (Норвешка), Лах, Сок (Словенија), Николиќ, Стојковиќ (Србија), Бадура, Ондогрецула (Словачка).

СУДИИ ЗА ПРВА И ВТОРА ФАЗА:

Хорачек, Новотни (Чешка), Мазеика, Гателис (Литванија), НИКОЛОВ, НАЧЕВСКИ (МАКЕДОНИЈА), Павичевиќ, Ражњатовиќ (Црна Гора), Фонсека, Сантош (Португалија), Салах, Брунер (Швајцарија), Куртагиќ, Ветервик (Шведска).

СУДИИ ЗА ВТОРА ФАЗА И БИТКА ЗА МЕДАЛИ:

Губица, Милошевиќ (Хрватска), Хансен, Гјединг (Данска), Ралуј, Саброзо (Шпанија), Гајпел, Хелбиг (Германија), Пишон, Ревере (Франција).

Се вчитува...