Поздрав со стоечки овации за добредојде во Париз, Надал го дочекаа илјадници фанови (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал е миленик на публиката на Ролан Гарос, турнир кој го освојуваше рекордни 13 пати во својата кариера. „Бикот од Мајорка“ ги надмина проблемите со повреда, се врати на терените и е подготвен да заигра на вториот сезонски Грен слем турнир.

Рафа се појави на првиот тренинг во Париз, а изненадувачки на трибините го пречекаа илјадници фанови и го поздравија со стоечки овации.

Надал е петти носител на турнирот, а се очекува главен конкурент да му биде Новак Ѓоковиќ со кој според предиспозициите во пресрет на ждрепката, може да се судри уште во четвртфиналето.

Се вчитува...