Пожар на НБА натпревар, салата евакуирана (ВИДЕО)

Торонто Рапторс поради пандемијата на коронавиурс долго не настапуваа во својот дом во Канада и мораа да ги играат своите натпревари во Тампа, а откако неодамна се вратија во „Скошабенк Арена“, синоќа мораа го напуштат истата поради пожар.

Имено, во првото полувреме од мечот против Индијана изби пожар на еден од звучниците на кровот на салата, а и покрај тоа што истиот не беше во близина на навивачите, тие мораа да ја  напуштат арената поради претпазливост.

По интервенцијата на пожарникарите натпреварот продолжи, а Рапторс славеа со убедлдиви 131-91.

Се вчитува...