Домот на Манчестер јунајтед, „Олд Трафорд“ утрово го зафати пожар. Според очевидците зафатена била трибината „Сер Боби Чарлтон“, а во моментов нема информации дали пожарот е проширен и на останатите трибини од стадионот.
Според информациите, веднаш реагирале противпожарните служби кои успеале набрзо да го стават огнот под контрола.
„Откако утрово околу 7 часот беше јавено за пожар на ‘Олд трафорд’ за брзо време пристигнаа три екипи од противпожарните служби. Успеавме да го изолираме пожарот и да спречиме негово ширење. Се уште сме на стадионот. Во моментов се проверува остатокот од стадионот како би се спречиле нови несакани последици“ – се вели во соопштението од противпожарните служби.
Се уште не се познати причините за пожарот и колкава штета е направена. Во текот на денот околу тоа се очекуваа информација од полициските служби, но со соопштение е најавено дека ќе се огласи и Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА