Познат англиски доктор ги разочара фудбалските фанови – Кејн нема да игра на Европското првенство

Најпознатиот англиски доктор Крис Вилсон, кој работи како ортопед на островот, вели дека Хари Кејн нема да биде подготвен за настап на Европското првенство.

„Очекувам да минат шест месеци пред Кејн да се врати на терените. Постојат различни мислења бидејќи се работи за необична постапка за лечење. Бидејќи Кејн е еден од најдобрите во светот од него се очекува секогаш да е на сто отсто, а за такво нешто мора да паузира шест месеци“, изјави Кејн. 

Хари Кејн се повреди на мечот против Саутемптон и најоптимистичките мислења околу неговата повреда се дека тој до април сигурно нема да се врати на терените, што значи дека тимот од Лондон го изгуби најдобриот фудбалер за клучните натпревари во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Се вчитува...