Познат е дресот на Јувентус за следната сезона, се враќаат кон традицијата (ФОТО)

Италијанскиот шампион, Јувентус, по двегодишна пауза, следната сезона ќе им се врати повторно на традиционалните црно-бели ленти. На дресовите ќе бидат поставени логоата на Јувентус, Адидас и главниот спонзор. Над грбот на торинскиот клуб ќе има три sвезди што укажуваат на тоа дека Јувентус има повеќе од 30 титули во италијанската лига.

Со овој дрес Јувентус ја слави 10-годишнината од преселбата на „Алијанц Арена“.

Ваквата одлука ги воодушеви фановите на „старата дама“, па челниците од тимот на Торино се надеваат дека со враќање кон традицијата, Јуве повторно ќе блесне во победнички сјај и ќе им се врати на титулите во Италија и Европа.

 

Се вчитува...