Познат распоредот и за третиот круг во ПМФЛ: Струга ТЛ следното коло домаќин на Македонија ЃП, Шкупи ќе го пречека Работнички

По завршувањето на вториот круг од натпреварите во Првата македонска фудбалска лига познат е распоредот и за последниот, трет, круг од шампионатот.

Во следното 23. коло лидерот Струга ТЛ повторно ќе игра на домашен терен, и тоа против Македонија ЃП, додека Шкупи на Чаир ќе го пречека Работнички. Шкендија ќе игра против составот на Академија Пандев во Тетово.

Слободна екипа и следното коло ќе биде Тиквеш, која денеска ја загуби петтата позиција на табелата откако Брегалница славеше со 1-2 на гостувањето против Силекс во Кратово.

Се вчитува...