Познат распоредот на ракометарите на СП: Почнуваме против Унгарија, а потоа…

Македонија имаше среќа во денешната ждрепка за СП 2025, како за добиените противници, така и за местото на одигрување на првата фаза од елитното натпреварување.

Она што е најважно за нашите навивачи, нашата национална селекција ќе бидедел од групата Д што ќе се игра во Вараждин, каде дефинитивно голем дел од „македонската фаланга“ ќе биде во можност да отпатува и да им даде поддршка на избраниците на Кире Лазаров.

Групата не е ниту премногу тешка, носител е селекцијата на Унгарија, од вториот шешир ја добивме Холандија, а она што е најважно – од последниот го добивме африканскиот дебитант Гвинеја.

Токму против првиот фаворит Унгарија стартуваме на 15. јануари. Два дена подоцна играме против Холандија, додека групната фаза ја завршуваме против аутсајдерот Гвинеја.

За да ја минеме првата фаза ќе ни биде потребна една победа, а доколку го оствариме тоа, остануваме во Вараждин и ќе ги чекаме најдобрите три од групата Ц, во која се Франција, Австрија, Катар и Кувајт.

Се вчитува...