Познат распоредот за новата сезона во Премиер-лигата – Алиоски и Лидс отвораат со шампионот

Направен е распоредот за новата сезона во Премиер-лигата која ќе стартува на 12. септември. Повратникот во елитата Лидс Јунајтед на нашиот Езгјан Алиоски во првото коло ќе му гостува на шампионот Ливерпул на „Енфлид роуд“. Интересно е тоа што ќе бидат одложени натпреварите меѓу Барнли – Јунајтед и Сити – Астон Вила, бидејќи двата тима од Манчестер најдолго останаа во европските натпреварувања, па да имаат повеќе време за подготовка за новата сезона.

На 12. септември покрај мечот Ливерпул – Лидс, ќе се играат и средбите Фулам – Арсенал, Тотенхем – Евертон, ВБА – Лестер, Вест Хем – Њукасл и Кристал Палас – Саутемптон, додека за ден подоцна се закажани дуелите Брајтон – Челси и Шефилд – Вулвс.

 

Се вчитува...