Познат распоредот за првите три кола во Премиер-лигата

Премиер-лигата го објави распоредот за првите три кола по паузата на сезоната поради пандемијата од коронавирусот. Премиер-лигата се враќа на 17. јуни со натпреварите меѓу Манчестер Сити – Арсенал и Астон Вила и Шефилд Јунајтед. Следниот ден Тотенхем во уште еден дерби натпревар ќе го пречека Манчестер Јунајтед.

Во сабота се играат уште четири натпревари, а во недела е закажано „Мерсисајд дербито“ меѓу Евертон и Ливерпул. Натпревари ќе има секој ден во неделата која следува, а следното дерби е на 25. јуни во кое ќе се сретнат Челси и Манчестер Сити.

 

Се вчитува...