Познат распоредот за СП во Алжир: Младинците почнуваат со Русија на 18. јули

Младинската машка репрезентација на Македонија го дозна распоредот на натпреварире за групната фаза на Светското првенство во Алжир следниот месец.

Како што е познато, противници на Македонија во Групата Ц се Русија, Шпанија, Тунис, Буркина Фасо и Бразил, а својот прв дуел нашите млади ракометари го играат на 18. јули против репрезентацијата на Русија.

Натпреварите од групната фаза македонските јуниори ќе ги играат во градот Алгиерс, во сала со капацитет од 8.000 седишта.

Репрезентациите кои ќе се пласираат од првото до четвртото место во групата продолжуваат во осминафиналето (вкрстени елиминациски мечеви, првиот од групата Ц со четвртиот од групата Д, вториот со третиот, итн), а преостанатите разигруваат за пласман.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

18 јули    Македонија – Русија, 15 часот20 јули    Буркина Фасо – Македонија, 21 ч.21 јули    Тунис – Македонија, 19 ч.23 јули    Македонија – Шпанија, 19 ч.24 јули    Македонија – Бразил, 19 ч.

Се вчитува...