Познат терминот за четвртфиналните мечеви во ФА купот

Еден ден откако беше објавено враќањето на Премиер-лигата која ќе продолжи на 17. јуни, потврдено е дека продолжува и годинашното издание на ФА купот.

Натпреварувањето во ФА купот беше суспендирано пред четвртфиналните натпревари. Тие ќе бидат одиграни на 27. и 28. јуни, а двојките се Лестер – Челси, Њукасл – Манчестер Сити, Шефилд Јунајтед – Арсенал и Норич – Манчестер Јунајтед.

Полуфиналните мечеви се закажани за 11. и 12. јули, додека финалниот меч на „Вембли“ ќе се игра на 1. август.

Се вчитува...