Позната е првата понуда на Јунајтед за Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо е на прагот да се врати во редовите на Манчестер Јунајтед каде се наметна како еден од најдобрите фудбалери на денешницата, а по долгата сага сега позната е и првичната понуда за португалскиот ас која изнесува 25 милиони евра, плус бонуси со кои истата би достигнала до 30 милиони, пренесуваат англиските медиуми.

Воедно тоа е и сумата која Јувентус ја бараше за својот фудбалер. Очекувањата се истата да биде прифатена од „старата дама“ по што остануваат уште медицинските прегледи за официјализирање на двегодишната соработка.

Се вчитува...