Позната е цената за Дани Олмо

Шпанскиот репрезентативец и член на Лајпциг, Дани Олмо, би можел да си замине оваа сезона, откако неколку гиганти се заинтересирани за неговите услуги.

За Шпанецот пред се има интерес од Барселона, но и од други клубови, меѓутоа цената која ја бара германскиот тим може да ги премисли сите оние кои го посакуваат во своите редови.

Во договорот на Олмо постои клаузула која вели дека неговата цена ќе биде 60 милиони евра, по завршувањето на Европското првенство во Германија. Тешко е да се очекува дека Барселона ќе биде подготвена да ја плати оваа сума, со оглед на финансиските проблеми со кои се соочува оваа екипа.

Се вчитува...