Младиот талент на данскиот клуб Митјиланд, Аламара Џаби, се наоѓа во стабилна состојба откако беше жртва на брутален напад со нож. По инцидентот, врз фудбалерот беа извршени две сложени операции, а поради сериозноста на повредите, тој помина неколку часа во индуцирана кома.
Лекарскиот тим соопшти дека Џаби е разбуден и надвор од животна опасност. Овој настан ја шокираше Данска, земја каде ваквите насилства се исклучително ретки, особено кога се насочени кон јавни личности и спортисти.
Данската полиција сè уште не ги соопштува деталите за мотивите или сторителите, но потврди дека се работи на интензивно расветлување на случајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
