Позната сумата која Јунајтед ќе ја плати за Онана

Камерунскиот интернационалец Андре Онана веќе е пред потпис со англискиот великан Манчестер јунајтед. Еден од најупатените европски фудбалски новинари, Фабрицио Романо ги објави деталите околу трансферот на Онана на „Олд трафорд“.

„Црвените-ѓаволи“ на Интер за неговите услуги ќе му платат 55 милиони евра (51 милион загарантирани, плус четири милиони поврзани со неколку клаузули), а Онана ќе потпише договор со „ѓаволите“ до 2028 година, со опција да ја продолжи соработката на уште една сезона.

Онана денеска ќе пристигне во Манчестер, а по лекарските прегледи се очекува во текот на утрешниот ден и официјално да го потпише договорот со Јунајтед.

Се вчитува...