Мбапе е главен фаворит за признанието „Златно момче 2017“!

Избрани се 25 фудбалери кои ќе конкурираат за „Златно момче“ наградата за 2017 година, која се доделува од страна на италијанскиот весник „Тутоспорт“.

На листата повеќето играчи се добро познати на фудбалската јавност. Меѓу најзвучните имиња се Килијан Мбапе од ПСЖ, Осман Дембеле од Барселона, Маркус Решфорд од Манчестер јунајтед и Џанлуиџи Донарума од Милан, кои воедно се главни кандидати за освојување на престижната награда. Во преден план сепак е Мбапе, кој имаше извонредна сезона во дресот на Монако и летово си обезбеди трансфер во редовите на ПСЖ.

Носителот на наградата од минатата година е Ренато Санчез, фудбалерот на Баерн Минхен летово се пресели во редовите на Свонси на едногодишна позајмица, но јасно е дека нема никакви шанси повторно да дојде до големото признание.

Наградата ќе биде доделена на младиот фудбалер кој имал импресивни наспави во текот на целата 2017 година за клубот и репрезентацијата. Нормално, настапите од вториот дел од минатата сезона, и првата половина од сезоната 2017/18 се земаат во предвид при гласањето.

Целосната листа на фудбалери:

Маркус Рашфорд (Манчестер јунајтед)

Арон Мартин (Еспањол)

Жан Кевин Огустин (Ред бул Лајпциг)

Родриго Бентанкур (Јувентус)

Стивен Бервин (ПСВ Ајнховен)

Доминик Калвер Луин (Евертон)

Федерико Чиеса (Фиорентина)

Осман Дембеле ( Барселона)

Амаду Диавара (Наполи)

Каспер Долберг (Ајакс)

Габриел Жесус (Манчестер сити)

Џанлуиџи Донарума (Милан)

Џо Гомез (Ливерпул)

Бенџамин Хенрич (Бајер Леверкузен)

Борха Мајорал (Реал Мадрид)

Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен)

Емре Мор (Селта Виго)

Рис Оксфорд (Борусија Менхенгладбах)

Кристијан Пулишиќ (Борусија Дортмунд)

Алан Сент Максим (Ница)

Доминик Соланке (Ливерпул)

Тео Ернандез (Реал Мадрид)

Се вчитува...