Познати четвртфиналните парови во англискиот Лига куп

Познати се двојките за четврфиналето во англискиот Лига куп. Арсенал по елиминацијата на Ливерпул повторно ќе има тешка задача бидејќи ќе се сретне со Манчестер Сити.

Вториот интересен натпревар во оваа рунда од натпреварувањето ќе биде меѓу Евертон и Манчестер Јунајтед. „Карамелите“ засега имаат историска година, додека „црвените-ѓаволи“ многу се мачат на стартот на новата сезона. Во останатите два меча Тотенхем ќе му гостува на Стоук, додека Њукасл ќе игра со Брентфорд.

Четвртфиналните мечеви во Лига купот ќе бидат одиграни во декември.

Се вчитува...