Познати групите за женската ракометна ЛШ, Македонија единствен претставник ќе има во Седлоска

Познати се групите за новата сезона во женската Лига на шампиони. На денешната ждрепка одржава во Виена актуелниот шампион Вајперс Кристијансанд се најде во групата А заедно со Оденсес, Крим, Бигингхајм, Брест, Ференцварош, Баник и ЧСМ Букурешт.

Во Б сегментот Ѓер ќе биде заедно со Локомотива Загреб на нашата Седлоска, како и Мец, Рапид Букурешт, Будуќност, Сторхамер, Есбјерг, Кастамону и Белдие.

Натпреварите од групната фаза во женска конкуренција ќе започнат на 10/11 септември. Сите мечеви ќе се играат во термините во сабота и недела. Првопласираните шест екипи во секоја група ќе се квалификуваат за нокаут фазата, а победниците од групите и второпласираните тимови директно влегуваат во четврт-финалето. Тимовите кои ќе се пласираат на третото до шестото место ќе играат во плеј-офот.

Се вчитува...