Познати клаузулите од договорот на Сити и Барселона за Торес

Феран Торес ќе си ја исполни желбата да се врати во Шпанија и да настапува за Барселона, а Барса и Манчестер Сити во моментов ги финализираат сите детали и се очекува само официјално објавување на трансферот.

Шпанска „Марка“ веќе ги објави и деталите од договорот меѓу двата клуба, чија главна точка е сумата од 55 милиони евра која ќе биде исплатена на четири рати, од кои првата во летниот период.

Сосема очекувано, во договорот има и клаузули кои може да ја зголемат сумата која Барселона ќе му ја плати на премиерлигашот.

Сити може да заработи дополнителни 10 милиони евра, преку четири клаузули кои велат дека сумата ќе биде зголемена ако Торес ја освои Златната топка, Златната копачка, ако Барселона ја освои Лигата на шампионите, а Торес одигра 70 проценти од натпреварите и ако биде продаден за сума поголема од 100 милиони евра.

Валенсија ќе добие околу 3 милиони евра од трансферот, како клуб кој го испрати Торес во Сити за сума од 23 милиони евра.

Се вчитува...