Познати кои шест кандидати ќе се борат за организација на Евробаскетот во 2025 година

ФИБА во јануари 2022 година ќе ги одбере домаќините на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во 2025 година, а досега аплицираа шест земји од кои четири ќе ја добијат улогата на организаторит.

Станува збор за Кипар, Финска, Унгарија, Летонија, Русија и Украина, кои и официјално се кандидираа за организација на турнирот, а една од овие држави ќе биде домаќин и на завршната фаза од турнирот.

ФИБА од 2015 година го организира Евробаскетот со повеќе домаќини, па реши и во иднина да се применува истата формула за турнирите.

„Среќни сме што постои голем интерес за организација на Евробаскетот, а овој формат со неколку земји домаќини за првпат се користеше во 2015 година и беше успешен, па европската кошарка има голема корист од тоа“, соопштија од ФИБА.

 

 

Се вчитува...