Познати квалификациските групи за Европското првенство на кое домаќин ќе биде Македонија

Европската ракометна федерација ги одреди квалификациските групи за континенталниот шампионат во 2022 година на кој заедно со Црна Гора и Словенија, домаќин ќе биде Македонија.

Најинтересна се очекува да биде групата 2 во која се наоѓаат Данска, Романија, Австрија и победникот од претквалификациската група 3. Интересно се очекува да биде и во групата 5 во која се Шпанија, Унгарија, Словачка и победникот од претквалификациската група 5. Србија се наоѓа во групата 6 заедно со Шведска, Исланд и Турција, додека Хрватска е во групата 4 со Франција, Чешка и Украина.

Најдобрите две репрезентации од сите групи ќе им се придружат на Македонија, Словенија, Црна Гора кои се домаќини како и Норвешка како актуелен шампион на завршниот турнир кој ќе се игра во периодот од 6. до 20. ноември 2022 година.

Се вчитува...