Познати најдобрите стрелци во квалификациите, двајца Македонци во TOП 10!

Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари зацртаната цел и повторно ќе игра на еден континентален собир. Во последната ЕХФ седмица посветена на европските квалификации, нашиот состав беше поуспешен од Финска и Швајцарија и со десет бода заврши на втората позиција на табелата во групата 7, веднаш зад гигантот Данска, кој има ист скор со Македонија.

И на патот до пласманот на Европското првенство, новиот селектор и капитен Кирил Лазаров беше предводник на селекцијата и повторно еден квалификациски циклус го завршува како најдобар стрелец во македонскиот дрес.

Најдобар стрелец во квалификациите е Анди Шмид од Швајцарија со 55 гола, кој има седум повеќе од второпласираниот Еверт од Холандија, додека третата позиција ја зазема Макс од Финска. Во Топ 10 место имаше за уште еден Македонец, а тоа е Филип Кузмановски, кој имаше само еден гол помалку од својот селектор (31).

Се вчитува...