Познати осминафиналистите за ЛШ, ждребот е в понеделник

Со комплетирањето на денешните натпревари и официјално е означен крајот на групната фаза од Лигата на шампионите, а познати се сите осминафиналисти во елитното европско натпреварување.

Како и претходно, првопласираните екипи не можат да играат меѓусебе, туку сите се наоѓаат во групата на носители и за противник ќе добијат некој од второпласираните тимови, но не може повторно да се сретнат со тимот со кој играле во групната фаза.

Воедно, ждребот е полудиригиран, што значи дека екипи од иста земја не може да играат една против друга во осминафиналето. Ова практично би значело дека Челси како неносител не може да се сретне со Ливерпул, Тотенхем, Манчестер сити или Манчестер јунајтед како носители, па англискиот првак за ривал ќе добие еден од ПСЖ, Бешикташ или Барселона.

Ждребот за осминафиналето ќе се одржи в понеделник со почеток во 12 часот.

НОСИТЕЛИ: 

Манчестер јунајтед

ПСЖ

Рома

Барселона

Ливерпул

Манчестер сити

Бешикташ

Тотенхем

НЕНОСИТЕЛИ: 

Базел

Баерн Минхен

Челси

Јувентус

Севилја

Шахтјор

Порто

Реал Мадрид

Се вчитува...