Познати паровите за Ф4 турнирот во Лигата на Европа

Во седиштето на ЕХФ во Виена денеска беа одредени паровите за полуфиналните пресметки во новоформираната Лига на Европа. Магдебург кој во осминафиналето го елиминираше нашиот Пелистер ќе игра против Висла Плоцк, додека домаќинот на турнирот Рајн Некар Левен во германското дерби ќе се сретне со Фуксе Берлин.

Завршниот турнир во Лигата на Европа ќе се игра во Манхајм викендот на 22. и 23. мај.

Се вчитува...