Познати се 29 од 32 учесници на Мундијалот во Катар

Фудаблските репрезентации на САД и Мексико во последниот натпревар од Северноамериканските квалификации го осигураа своето место на Светското првенство во Катар.

САД изминатата вечер загуби од Костарика со 2-0, но и поразот беше доволен за осигурување на третата позиција на табелата, додека Мексико со победата од 2-0 над Ел Салвадор во Катар ќе патува од втората позиција.

Костарика пак со триумфот над САД успеа да се искачи на четвртата позиција на табелата и во баражот ќе се сретне со Нов Зеланд.

Баражот ќе ги даде и останатите два патника во Катар од дуелите помеѓу подобриот од Велс и Шкотска или Украина, како и Перо или подоброт од средбата помеѓу Австралија или Обидинитетите арапски емирати.

Претходно на Светското првенство се пласираа: Катар, Германија, Данска, Бразил, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија, Холандија, Аргентина, Иран, Јужна Кореа, Јапонија, Саудиска Арабија, Еквадор, Уругвај, Канада, Сенегал, Гана, Португалија, Полска, Тунис, Мароко и Камерун.

Се вчитува...