Познати се четвртфиналните парови на ЛОИ – Дончиќ против Германија, мега-дуел на Шпанија и САД (ФОТО)

Ждрепката ги даде четвртфиналните парови на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри во Токио по кои не очекуваат интересни дуели за место во полуфиналето.

Словенија и Лука Дончиќ кои сеуште не знаат за пораз во Токио во следната фаза од натпреварувањето ќе се сретнат со Германија со што беше избегнат најнепосакуваниот противник – САД. Словенците и Американците ќе можат да се сретнат само во финалето, но за тоа избраниците Грег Поповиќ прво ќе мора да слават против светскиот шампион Шпанија.

Франција која игра во одлична форма во четвртфиналето за противник ќе ја има незгодната Италија која докажа дека доколку ја служи шутот ќе биде тежок противник, а така ќе биде и за досега непоразените Французи. Светскиот вицешампион Аргентина пак ќе се сретне против претендентот за златниот медал, Австралија.

Четвртфинални парови:

Словенија – Германија
Шпанија – САД
Франција – Италија
Аргентина – Австралија

Се вчитува...