Шкупи во 2. квалификациско коло во ЛШ игра против Динамо Загреб. Првиот меч е во Загреб на 19. јули, а седум дена подоцна е реваншот во Скопје.
Познати се ривалите на македонскиот првак, доколку направи сензација и го мине Динамо, и се пласира во 3. квалификациско коло.
Доколку Шкупи триумфира, тогаш ќе игра со еден победниците од овие дуели или со кипарски Аполон кој оди директно во 3. квалификациско коло:
Лудогорец (Буг) – Шемрок Р. (Ирс)
Шериф Т. (Мол) – Марибор (Сло)
Бодо Глимт (Нор) – Линфилд (С. Ирс)
Ференцварош (Унг) – Слован Б. (Свк)
Дуделанж (Лук) – Пјуник (Ерм)
Аполон (Кип)
Ждрепката е во понеделник на 18. јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА