Со одигрувањето на последните натпревари од групната фаза познати се и сите натпревари од шеснаесетина финалето на Светското првенство кое што се игра во САД, Мексико и Канада.
Највозбудливо се очекува да биде на дуелот меѓу Хрватска и Португалија. Португалците по очајното реми против Хрватска само си ја усложнија работата и направија невозможна мисија во освојувањето на „Златната божица“. Доколку Кристијано Роналдо сака да го освои Мундијалот, по Хрватска ќе мора да слави и над Шпанија, Белгија или САД и потоа над Франција или Германија.
Од друга страна тотално се отвора ждребот за актуелниот шампион Аргентина. Меси и компанија играат прво против Зеленортски острови, па Австралија, па во четвртфиналето за противник ќе ја имаат Швајцарија или Колумбија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
