Познати сите 30 конкуренти за „Златна топка“ 2017: Роналдо фаворит, доминација на Реал

ФИФА ги истакна сите 30 номинирани фудбалери за престижната награда „Златна топка“ за 2017 година. За фаворит според многумина се смета Кристијано Роналдо, па ако Португалецот ја освои ќе се изедначи со Лео Меси, кој има четири во својот „џеб“.

Реал Мадрид доминира по бројот на фудбалери, дури седум првотимци на „кралевите“ се на списокот. Покрај Роналдо, конкурираат и капитенот Серхио Рамос, Лука Модриќ, Марсело, Тони Крос, Иско и Карим Бензема.

„Светците“ од Париз имаат три претставници, застрашувачкото напаѓачко три Нејмар, Кавани и Мбапе. По двајца фудбалери имаат Баерн, Челси, Јувентус, Барселона и Атлетико.

Дрис Мертенс заедно со Един Џеко и Садио Мане се изненадувањата на комплетна листа.

 DLsEGmaX0AAaxzHDLsfcTxWAAAf2U7DLtbrkzXcAEn4akDLtl0RbX0AAUfXJ   

Се вчитува...